Thursday, January 5, 2017

КРЕФ Minecraft акција 2017 „ И јас си имам супер план за урбанистичко уредување на мојот град/село„

Имате синче/ќерка/ученик/соседче/внуче плус барем едно негово другарче кое ја сака играта Minecraft? Вие веќе имате одличен и спремен тим за учество во оваа филмска категорија. 

Ова е интересна прилика во која учениците од РМ, наставниците и родителите заедно со своите деца и нивни другарчиња имаат можност да учествуваат во истражување и креирање на идеи за урбанистичко уредување на својот роден град, село. Децата можат да бидат креатори на својата иднина . Тие се идните возрасни граѓани на оваа земја кои уште од мали треба да стекнат навики за барање решенија и прилики наместо изговори.

 Од друга страна, сведоци сме колку нашите современи дечиња го сакаат компјутерот и компјутерските игри и често ни се случува да се разминуваме со нив во поглед на нашите ставови за користа и шетата од часовите минати пред компјутер. Затоа ова е една интересна прилика за креативно дружење со нив. Прилика која можеме да ја искористиме за да им дадеме пример и поттик за конструктивно користење на интернетот и игрите, за доброто на целата заедница.


Погледнете околу во секој празен или заборавен простор од вашето секојдневие. Дури и во вашето училиште, дворот, паркот во вашата населба, реката, околу езерото, село, град....Направете прошетка,снимете кадри и размислете добро, што и како би сакале да биде поубаво. Потоа изберете еден ваш приоритететн објект/локација за кој би сакале да изработите идејно решение и започнете со работа заедно со вашиот тим.


КОЈ И КАКО МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО КАТЕГОРИЈАТА „КРЕФ MINECRAFT 2017 „

Конкурсот е отворен за ТИМОВИ на ученици (најмалку двајца ученици во тим ) од приватни и државни основни училишта, одделенска и предметна настава. 

Зад секој тим на ученици треба да стои ЕДНО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ/ учител, наставник/стручен соработник или родител,старател,пријател(со дозвола од родителите на вклучените ученици) во улога на ментор. 


Краен рок за апликација  е 25 МАЈ 2017.


ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ФИЛМОТ?

-Должината на конечниот видео запис е 4 до најмногу 6 минути. Може да биде монтиран во програм по ваш избор.


-Во еден филм може да биде прикажано комплетно идејно решение за само една избрана локација/објект.


Содржината на филмот треба да ги прикаже

 следните елементи:


1- Во вовед куси снимки од процесот на истражување на групата 

(Пример: Како, каде, учениците истражуваат, 
посета на објект/локација, истражуваат литература, 
ИКТ, разговор со стручни лица или население,
 фотографирање на објекотот/локацијата,
 правење скици, макети или слично...)

2- Потоа куси снимки како групата работи на изработка на 
играта во Minecraft


3- За крај вметната снимена виртуелна прошетка низ готовиот, 
нов продукт, објект/локација претставен во играта Minecarft.
Како Вие би сакале да изгледа тоа место/објек
 и која би била неговата намена.


Дозволено е да се вметне снимен говор на наратор
 или текст кој ќе ја придружува снимката 
како појаснување на крајната визија.

Можете да изберете локација/објект во вашето место
 или било кое друго место во РМ.


Филмот треба да биде прикачен на You Tube со наслов
КРЕФ Minecarft 2017„ и име на менторот на групата

Во полето за опис, под филмот, за време на прикачувањето

 треба да напишете:


1. Одделение/Возраст/и на учениците кои учествувале во проектот
2. Училиште/место/држава
3. Име презиме на менторот и опис: учител/предметен наставник или родител...
4. Детален опис на вашата приказна: 

(Пример- како и зошто Вашиот тим го избра токму тоа место/објект,

 како истражувавте и соработувавте, што откривте,

 какво решение сакате да споделите со јавноста 

 и зошто сметате дека е важно да биде применето во иднина.

5. Истакнете  ги имињата на соработниците и на сите активни работници во групата


Менторот на групата за пријава го испраќа линкот до филмот на следната адреса

minecraftfilm2017@gmail.com


Внимавајте да бидете сигурни дека не кршите туѓи авторски права. Користете материјали кои се ваша приватна сопственост. Позадинската музика изберете ја според правилата за почитување на авторски права за користење на аудио материјал. Внимавајте, во филмот или во опис на филмот не смее да стои говор на омраза и навреди од никаков вид.


Организаторот го задржува правото за дисквалификување
 на пријави после стручна процена.


Организатотот го задржува правото за промоција на филмовите секаде каде е потребно и корисно за едукативни цели и промоција на наставничката професија.

Ви поскауваме успешна работа


Доколку имате дополнителни прашања пишувајте на veselabogdanovik2@gmail.com или на Facebook https://www.facebook.com/vese.vesela
071/318663

Мината година имавме тема со која тимовите имаа за цел да изберат една локација или објект од културно наследство, да го истражуваат минатото поврзано со него и истиот да го претстават преку играта Мајнкрафт. 
Оваа година освен што во видеото на крајот треба да погледнеме виртуелна прошетка низ готовиот продук (како примерот долу) овој пат во самиот вовед на филмот треба да видиме и куси снимки како учениците истражувале на терен и работеле на самата игра. И да не заборавиме на новата тема за оваа година




ДРУГИ КАТЕГОРИИ КАКО ПРИЛИКА ЗА УЧЕСТВО:

1.  КРЕФ предизик 2017 „Сосема различни за иста цел„



3-    КРЕФ ЛИПДУБ промоција на училишна клима 2017